ЗЛАТЕН ГЛАС - нова серија на 1-ва скопска

Колумбиската теленовела „Златен глас“ е базирана според вистинска приказна за животот на колумбиската пејачка Хеленита Варгас, жена која копнее за слобода во една ужасна сексистичка ера од 50-те години на минатиот век, кога жените имаат повеќе должности отколку права и кога се осудени да бидат само мајки и сопруги.

 

Хеленита преку пеењето наоѓа начин да ги изрази нејзините длабоки потреби за слобода, надминувајќи ги сите препреки во тоа осудувачко општество.

 

Хеленита стана успешна како личност и како пејачка, одејќи наспроти вкусот и желбите на луѓето.  Музиката ќе и донесе и успех и понижување, а таа ќе остави голем белег како жена и како изведувач.

 

Нејзината вистинска приказна е приказна за моќна жена која ќе ја најде  силата во својот глас и своето семејство.

 

 

Нова теленовела „Златен глас,, на 1-ва скопска

 

Секој работен ден од 20:30





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.