Една од најмоќните жени во Европа некогаш се појави во проѕирно здолниште и ги покажа совршените нозе

Поранешниот супермодел и француска прва дама, Карла Бруни (56), се појави на модната ревија на Сен Лоран пролет/лето 2025 година како дел од Париската модна недела.

 

Бруни изгледаше многу младешки во беж-боди и проѕирно здолниште со висока половина, што ги истакна нејзините долги вити нозе.

 

 

Својот изглед го комплетира со бунда и црни потпетици, а насмевката не ја тргна од лицето и покрај тоа што во јули беше обвинета за многубројни корупциски дела за кои можеше да заврши во затвор.

 

Како што пренесува „Дејли мејл“, таа е обвинета дека била вмешана во обиди да го прикрие својот сопруг, поранешниот претседател Никола Саркози (69), кој добил милиони во готовина од починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи.

 

 

Извори од парискиот суд открија дека таа се гони за попречување сведок и измама извршена од организирана група. И двете од овие тешки кривични дела се казнуваат до 10, а понекогаш и до 20 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.