Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас прославија роденден, таа објави разголена фотографија

Мајкл Даглас го прослави својот 80-ти роденден, а на истиот ден е родена и неговата сопруга, актерката Кетрин Зета-Џонс, која наполни 55 години.

 

На радост на нивните фанови актерката на необичен начин му го честита роденденот на својот сопруг. Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави црно-бела фотографија од помладите денови, на која позира целосно гола.

 

 

„Во роденденски костим! По повеќе од 25 години споделување родендени со мојот сопруг, немам идеи за подароци. Овој подарок е втората опција, топчињата за голф се прва“, напишала таа покрај фотографијата, на која позира во бањата пред огледалото.

 

Пред тоа таа сподели заедничка фотографија, на која актерот ја бакнува Кетрин во образот.

 

„Среќен роденден на мене и на Мајкл. Ова е на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“, напиша таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.