Се омажи Лана дел Реј

Само еден месец откако беше откриено дека е во врска со 56-годишниот Џереми Дуфрен, пејачката се омажи за него. Според Дејли Мејл, двојката разменила завети во заливот во Луизијана, истиот залив каде Дуфрен ги води своите популарни тури со брод по мочуриште.

 

 На фотографиите кои ги објави Дејли Мејл, се гледа Лана како оди до олтарот со букет во рака. Имаше лелеава венчаница, а косата и беше врзана и украсена со машна. Дуфрен носеше црн костум.

 

Свадбата и дочекот се одржаа на јавното пристаниште, со многу маси поставени под бел шатор. Сестрата на Лана, Керолин Грант и братот Чарли Хил-Грант беа на венчавката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.