Најпознатото бебе на интернет стана полнолетно

Сами Гринер, познат како „успешното дете“ (Success Kid), го прослави својот 18. роденден.

 

Неговата мајка на „Инстаграм“ покажа како денес изгледа момчето од познатото меме.

 

 

„Моето мало момче наполни 18 години. Среќен роденден, Сем“, напиша мама Лејни Гринер.

 

На мемето е прикажано бебе како стиска грст песок. Фотографијата е направена во 2007 година. Семи имал само 11 месеци кога неговите родители го фотографирале додека се обидувал да јаде песок. Мајка му ја објави фотографијата на интернет за да ја видат нејзините пријатели и семејството, но таа стана интернет-сензација и меме.

 

Фотографијата стана толку популарна што Си-ен-ен го нарече Семи Гринер „веројатно, најпознатото бебе на интернет“. Освен за популарна употреба на социјалните мрежи, фотографијата се користи и за комерцијална употреба.

 

Во 2012 година, Џастин и Лејни Гринер, родителите на Семи, зборуваа на конференција поврзана со ROFLCon за предизвиците на воспитувањето на детето додека го штитат брендот. Тие беа критикувани дека го искористиле својот син, на што Лејни одговорила дека немала контрола дали мемето ќе се шири.

 

Во средината на 2015 година семејството Гринер ја искористи фотографијата за да ја промовира кампањата GoFundMe за да собере пари за да плати за трансплантација на бубрег на татко му. Иако Лејни првично се двоумеше дали да ја поврзе кампањата со мемето, на крајот се одлучи да го направи тоа и за неколку дена беа собрани 83.000 долари. Така настана мемето „Станав меме, па го спасив тато“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.