Роботи ќе прават плескавици во ресторан

Во ресторан за брза храна во Сан Франциско, плескавиците ќе ги подготвуваат роботи кои ќе бидат контролирани и под надзор од 20 мрежни компјутери, а луѓето во кујна ќе бидат настрана.

 

Сите места во ресторанот се резервирани овој и следниот месец, а ресторанот ќе работи само среда и четврток по два ипол часа дневно, од 11:30 до 14:00.

 

За оние кои во август ќе сакаат да пробаат роботски плескавици има долга листа на чекање, а резервациите за септември се уште не се почнати. 

 

Роботите се долги повеќе од 4 метри, а користат 350 сензори и 20 компјутери во погон за да ја завршат својата работа.

 

Плескавицата се прави за 5 минути, а двете машини за еден час  прават 130 хамбургери.

 

Во следната фаза луѓето ќе можат да прават натачки преку паметни телефони до точност до милиметар колку од сосот ќе сакаат во својот сендвич.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.