Корисници: Повеќе интернет помалку фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48 проценти) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“, пишува МИА.

Кај бројот на интернет корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во  Хрватска (90,9 проценти), Босна и Херцеговина (80,7 проценти) и Словенија (79,9 проценти). Зад Македонија се рангирани Србија (72,2 отсто), Грција (70,1 процент), Црна Гора (69,9 отсто) и Бугарија (66,3) проценти.

Во Европа интернет користат 704 милиони луѓе, а споредено со октомври за два милиона е помал бројот на корисници на Фејсбук  и изнесува 341 милион.

Глобалната он-лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и Норвешка каде речиси целото население или 99,2 отсто користи интернет. Во тие две држави има и по 63,5 проценти корисници на Фејсбук.

Податоците на „Интернет ворлд стат“ покажуваат дека во светот има 4,15 милијарди корисници, бројка која во октомври лани изнесувала 3,88 милијарди, а 2,11 милијарди имаат Фејсбук профил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.