Турнир во видео игри во Скопје

Меморијален турнир за видео игри „Никола Поповски - Ниџо“ втор пат ќе се одржи денеска во Скопје.

Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите „Mortal Kombat X“ или „Call Of Duty 2“.

Посетителите, во рамки на турнирот, ќе можат да се запознаат со познати играчи на видео игри од Македонија и да ја пробаат првата македонска друштвена игра „Small Star Empires“.

Организаторите ги покануваат сите родители и заинтересирани да учествуваат во информативна работилница за ESRB рејтинг, каде ќе имаат можност да го подобрат  изборот на видео игри за своите деца.

Турнирот, како што најавуваат организаторите, ќе се одржи во Лептокарија во Каша Бар, Инсомниа и ODAX.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.