Мел Би: Кејти Пери да ја замени Викторија Бекан и „ Space girls“ одат на турнеја

Мел Б гостуваше во Лејт најт шоу на Џејмс Корден и откри дека сака Кејти Пери да ја замени Викторија Бекам на турнејата на „Спајс грлс“.

 

43-годишната пејачка исто така рече дека турнејата со „Спајс грлс“ ќе се случи 100%, со или без 44-годишната Викторија Бекам која денес е успешна дизајнерка и бизнисменка.

 

Оливија Мун, која исто така беше гостинка во емисијата, на шега предложи дека групата можеби треба да земе различни славни личности кои ќе ја заменуваат Бекам за време на турнејата, а Мел Б на тоа одговори: „Кејти Пери би била одлична, нели?“

 

Таа исто така додаде дека другите три членки „дефинитивно“ ќе ѝ се придружат на сцена и турнејата 100% ќе се случи. Мел откри дека успешната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам можеби ќе им се придружи на неколку настапи. „Спајс грлс“ последен пат настапија заедно на свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.