Многу добра вест за љубителите на Симпсонови (видео)

Од септември, култната анимирана серија за семејството Симсонови повторно ќе ја гледаме на ТВ екраните.

 

Авторот на култната анимирана серија „Симсонови“, Мет Грејнинг, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан им соопштија на гледачите дека наесен може да ја очекуваат 30-та сезона.

 

По краткиот инсерт на кој се гледа како еден од главните ликови Хомер Симсон се обидува да ја изеде целата храна во Њу Орлеанс, креативниот тим објасни дека серијата е снимана во дигитална анимација, што им овозможило да истражат нови области при создавањето на сцените.

 

Авторите соопштија дека и во новата сезона ќе продолжат да ја исмеваат американската култура и општество, но воедно најавија дека во „Симсонови“ ќе гостуваат многу ѕвезди.

 

Првата епизода од новата сезона се очекува да биде прикажана на 30 септември.

 

Епизодата погледнете ја на овој ЛИНК





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.