Џеј Ло неодолива во костим за капење

Таа е една од најангажираните жени во шоу-бизнисот. Сепак, Џенифер Лопез најде време да ги искористи сончевите зраци пред нејзиното шоу во Лас Вегас во неделата.

 

49-годишната пејачка и актерка покажа дека е во неверојатна форма објавувајќи неколку фотографии на Instagram. На нив, Џеј Ло има единечен костим за капење во портокалова боја, за кој сите ќе признаат дека одлично и секси изгледа.

 

Џенифер Лопез има врска со 43-годишниот поранешен бејзбол играч Алекс Родригез. Тие се заедно од февруари 2017 година и оттогаш тој не пропуштил ниту еден од големите концерти на нејзината светска турнеја.

 

Турнејата започна во 2016 година и ќе заврши на 29-ти септември. За тоа време, Џеј Ло изведе повеќе од 120 концерти, а и претстојат уште седум.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.