Се бара Сораја Вучелиќ - Ги избришала сите профили!

Сораја Вучелиќ ги избришала профилите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а на еден од нив е објавена воземнирувачка порака од нејзиниот PR.

 

Старлетата на која неодамна и е забранет влез во Србија профилите ги избришала по една недела медиумски молк.

 

Локалните медиуми деновиве објавуваа порака од нејзиниот Вибер во која пишува „Сораја ја нема веќе“, што сериозно го загрижи нејзиниот PR тим кој објави нова порака.

 

 - Имам информација дека исчезнувањето на Сораја Вучелиќ е пријавено во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора и го чекаме официјалниот резултат доколку информацијата е точна.

 

- Исто така сакам да ја известам јавноста дека Сораја последен пат е лоцирана во Будва. Во прилог на ова ја известив и премиерката на Србија Ана Брнабиќ со молба да ми даде било каков податок од МВР Србија кој би бил знаен за нејзино пронаоѓање.

 

- Се чека нејзиниот одговор и одговорот на МВР Србија поради што Сораја е ставена на црна листа како високоризична за безбедноста на Србија и нејзините граѓани, пишува Љубан Ковачевиќ од PR тимот на Сораја.

 

Објавата на направил врз основа на информациите со кои располагал. На почетокот мислел дека е на одмор, таа не ми се јавувала откако била депортирана од Србија, а кога видел какви пораки му стигнуваат на Вибер од нејзиниот број сериозно се загрижил, дополнително како што вели, бидејќи никогаш на Сораја не и се случило да не им се јави на блиските соработници и пријатели со денови.

 

Што се случува со Сораја останува да видиме…





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.