Енрике Иглесијас ја откри тајната од спалната соба

Енрике Иглесијас призна дека за десет месеци, откако тој и невенчаната сопруга Ана Курникова станаа родители на близнаците Никола и Луси, имаат повеќе секс отколку порано.

 

Познатиот латино пејач првпат ја откри тајната од својата спална соба во интервју за Сан, а посебно внимание предизвика неговиот одговор, во кој тој вели дека синот и ќерката ги поттикнаа страстите в кревет, што го дели со една од најубавите тенисерки во светот.

 

"Имаме повеќе секс отколку кога било досега, нашиот сексуален однос не е намален. Со сигурност кажувам дека  не ни  недостасува секс", вели пејачот.

 

Енрике се осврна и на неговото родителство, кое го промени.

 

"Како и секоја пар, минуваме низ подеми и падови и не е сè секогаш совршено. Но, токму  тоа е совршено. Неверојатно е да се види Aна како мајка, таа е прекрасна.

 

Инаку, Енрике и Ана се запознаа во 2001 година, кога ја започнаа врската и тие се неразделни, но се уште не се во брак.

 

"Никогаш не му дадов значење на бракот. Можеби затоа што јас сум дете на разведени родители, но не мислам дека ќе сакаш некого  повеќе, поради  парче хартија. Она што е важно е каков родител си, а не брачен другар", рече тој во едно интервју.

 

Во декември минатата година добија близнаци и оваа изјава ја шокираше јавноста. Всушност, никој не знаеше дека Курникова е бремена, а таа се обиде да ги  избегне сите јавни настани во овој период  за нејзината бременост да остане тајна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.