Марија Шерифовиќ на седативи?!

Марија Шерифовиќ јавно призна дека таа конзумира лекови за смирување. Популарната пејачка откри дека во продолжение на натпреварот „Звезде гранда„ ќе пие по една лента седативи за да се смири.

 

Откако еден од натпреварувачите ги изведе своите песни, жирито го критикуваше, а кандидатот се правдаше дека има трема. Јелена Карлеуша му кажа дека мора да се контролира и дека ова е проблем за на психијатар, а  Шерифовиќ му ги понуди своите апчиња.

 

"Јас ќе ти ги дадам моите лекови за смирување и Бог ќе те види", рече таа со насмевка, а жирито се насмеа.

 

Набрзо потоа, натпреварувачот одлучил Марија да му биде ментор, што Саша Поповиќ го натера да ја испровоцира.

 

"Кога ќе пеат кандидатите на Марија, таа ќе седи на страна и нема да може да коментира. Тоа ќе го направиме ние и ќе гласаме", рече тој.

 

Пејачката продолжи да се шегува на своја сметка, па откри дека има решение за ова.

 

"Јас ќе испијам за оваа пригода една лента лекови за смирување. Ќе седам мирно и ќе ги гледам моите кандидати како пеат".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.