Нов член во кралското семејство! Принцот Хари и Меган очекуваат бебе

Војводата и Војвотката од Сасекс го очекуваат своето прво бебе.

 

Среќната вест за парот доаѓа директно од Сиднеј каде започна нивната прва официјална турнеја во Австралија и истата беше објавена на Tвитер профилот на Кенсингтонската палата, изразувајќи благодарност за изразената поддршка и убавите желби од страна на сите луѓе низ целиот свет.

 

Од Кенсингтонската палата изјавија дека поради блажената состојба на Меган нема да има промени во турнејата и дека истата ќе продолжи како што е планирано.

 

Шпекулациите за бременоста започнаа кога се најави дека Меган нема да го искачи Сиднејскиот пристанишен мост како што беше најавено претходно. Гласините се зголемија, кога Војвотката присуствуваше на свадбата на Принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк носејќи фустан-палто на Живанши и којашто одлучи да не го соблече во текот на денот.

 

Од Кенсингтонската палата изјавија дека Кралицата е воодушевена од веста за блажената состојба на Меган, додека Војводата и Војвотката се заблагодарија на поддржувачите на кралската фамилија преку социјалните медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.