Кејт Мидлтон во износена облека дојде на кралската свадба

И додека македонските девојки, за секоја пригода бираат нов свечен фустан, без разлика на платежната моќ, принцезата Кејт Мидлтон е позната по тоа што без проблем облекува исти парчиња по неколкупати и поради тоа многумина ја ценат.

 

Но, веројатно никој не очекуваше дека на кралската свадба на Хари и Меган ќе се појави во облека која ја носела и претходно.

 

Војвотката од Кембриџ беше облечена во прекрасно долго, бело палто на Alexander McQueen, кое го носела на три големи настани пред свадбата.

 

Првпат беше забележана во него на крштевката на принцезата Шарлот во 2015-та, па во 2016-та на церемонија на воена организација, а третиот пат е лани за време на официјална посета на Белгија.

 

Сепак, изгледа дека имало причина за нејзиниот моден избор, со оглед на тоа што Кејт има навика да носи стари нејзини аутфити на свадби, со цел да не ја засени невестата.

 

Војвотката секогаш изгледа совршено и многумина ја сметаат за модна икона и ја посакуваат нејзината облека, па токму затоа не сака да привлекува многу внимание со нејзиниот изглед и бира аутфит кои фановите веќе го имаат видено претходно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.