Шварценегер се води според овие правила и успеа во животот - Ние ви ги откриваме! (фото)

Без оглед на разновидноста на соништата и кариерите на сите луѓе од целиот свет, животот и успехот на Арнолд Шварценегер, може да претставува еден од најголемите извори на инспирација.

 

Овој роден Австриец уште како млад дечко дошол во САД сосем без ништо, и таму изградил живот и стана легенда, буквално реализирал не само една, туку најмалку три фасцинантни кариери.

 

Успеал како бодибилдер, актер и политичар. Исто така неговиот приватен живот е многу среќен и успешен. Иако е стереотип дека бодибилдерите се глупави, фактите велат нешто сосема друго.

 

Всушност работната етика, упорноста и сето она што развил на патот кон неговите 7 победи на Mr. Olympija, Шварценегер го искористил и во други области.

 

Ова се неговите 6 правила за успех:

 

Правило бр. 1: Верувај во себе

“Треба да имате визија за она што го сакате, а не вашите мајка и татко, да го прават тоа за вас. Јас тоа го знаев уште кога бев дете, сакав да бидам светски шампион во бодибилдинг. Сакав да бидам најголем бодибилдер, а не само да победам на еден натпревар, туку да бидам најголем бодибилдер на сите времиња. Моите родители имаа друга визија за мена: сакаа да бидам полицаец како татко ми, и да се оженам со една девојка по име Хајди и да имаме куп деца. Сакав да заминам од Австрија, да отидам во Америка, за да бидам шампион. Јас цврсто верував и бев одлучен да го направам тоа.

 

Правило бр. 2: Прекршете некои правила

“Франко Колумбу беше висок 165 см. Сите му велеа дека никогаш нема да биде светски шампион. Правилата велеа дека само високи и големи момци може да победат на Мистер на Универзумот, г-дин Олимпија, како и други титули. Но, Франко ги прекрши правилата. Тој стана убиец чудовиште. Победи на Mr. Universe три пати, на Mr. World и победи на Mr. Olympia два пати! Јас го направив истото. Луѓето велеа дека не можам да станам актер. Правилата велат дека актерите со акцент не можат да добијат водечки улоги. Јас ги скршив правилата. Не ми беше гајле што некој во историјата никогаш не го направил тоа. Земав часови по глума, часови по отстранување на акцентот и часови по англиски јазик. Работев напорно и станав водечките човек.”

 

Правило бр. 3: Не плашете се од неуспех

“Кога ќе паднете, секогаш може повторно да станете и да застанете на нозе. Морате да преземате ризици. Без ризик, никогаш нема да бидете во можност да го урнете рекордот. Ако кревате 180 килограми на клупа а сакате 190, не се плашите од неуспех, никогаш нема ни да кренете 190 ако не пробате! Опуштете се! Не плашете се. Не плашете се од паѓање! Сите во светот се паѓаат. Не плашете се да ја освоите целта “.

 

Правило бр. 4: Избегнувајте песимисти

“Ако јас ги слушав луѓето сеуште би бил во Австрија, на Алпите. Кога имав 15 години и им реков на луѓето дека сакам да бидам шампион во бодибилдинг, веднаш ми кажаа дека тоа нема да се случи. “Тоа е невозможно”, велеа тие, “тоа е американски спорт, во Австрија може да бидеш скијач, велосипедист, или можеби атлетски шампион, но не може да бидеш шампион во бодибилдинг. Знаете што? Јас не ги послушав. Се преселив во Америка и станав шампион во бодибилдингот. Останатото е историја. Кога бев во трка за гувернер на Калифорнија, ми велеа: “Не, не може, мора прво да се кандидираш за градоначалник, за Сенатот, а потоа можеби за гувернер. Ги пратив сите во ПМ. Почувствував страст во јавниот сервис и давање нешто назад. Сакав да се кандидирам за гувернер, се кандидирав, а два месеци подоцна бев гувернер “.

 

Правило бр. 5: Пеколно работете

“Мразам кога луѓето велат,” Немам доволно време за тренинг. “Според мене тоа е лудо. Имате 24 часа во денот. Спиете шест часа, а имате уште 18 до крајот на денот и ноќта. Ја работите вашата работа, тоа ви одзема околу 8-10 часа, ви остануваат 10 часа. Ми велите дека не може да вежбате затоа што немате време? Читајте книги, обрнете му внимание на семејството, поминувате време со пријателите, и оставате 30-45 минути за вежбање секој ден. Тоа е минималното! Никој никогаш не станал успешен без напорна работа. Не постојат кратенки. Работете пеколно и ќе успеете. ”

 

Правило бр. 6: Дај нешто за возраст

“Тоа што сум денес, не стане без ничија помош. Сите добивме помош по тој пат. Ние никогаш не сме направиле ништо сами по себе. Сè што простигнав – во шоу-бизнисот, политиката, парите што ги заработив, успеси во бизнисот, бодибилдингот, мојата фондација, еколошките организации – тоа е постигнато со помош на многу други луѓе. Бидејќи тие ми помогнаа мене, јас сега ќе треба да им помогнам на другите! Мораме да им помогаме на луѓето. Постојат милиони деца на кои им треба помош, кои потекнуваат од семејства кои немаат доволно пари, или кои не читаат добро. Ќе им помогнеме да научат да читаат! Охрабрете ги луѓето да вежбаат! Приклучете се на некоја организација каде можете на децата да им пружите прегратка, да им ставите медал околу вратот и да кажете: “Вие сте победниците! Ние веруваме во вас. Ние ве сакаме. Ние се грижиме за вас. “

 

извор: sezafitnes.mk





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.