Бијонсе пееше на милијардерска свадба во Индија

Американската пејачка Бијонсе пееше на свадбената церемонија на ќерката на најбогатиот индиец Мукеш Амбани, пишуваат светските медиуми.

 

Иша Амбани и Ананд Пирамал, син на милијардер, ќе се стапат во брак в среда во Мумбаи. Прославата започнала за време на викендот.

 

Бијонсе пееше во неделата во античкиот град Удаипур. Ги изведуваше хитовите како "Луд во љубов" и "Совршен". Потоа додаде слики на Instagram, како и видео со извадок од нејзиниот настап. Меѓу гостите на забавата биле Хилари Клинтон и многу холивудски ѕвезди.









Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.