„Кјур“ во Рокенрол халата на славните

Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019. во Баркли центарот во Њујорк.

 

Ова е едно од најголемите признанија за рок музичарите, а сега првпат во историјата во изборот учествуваше и публиката.

 

На церемонијата, чест ќе им биде oддадена и на групите „Рејдиохед“, „Рокси Мјузик“ (на Брајан Ин), „Деф Лепард“, „Зомбис“, како и пејачите Џенет Џексон и Стив Никс.

 

Во конкуренција за наградите беа и групи како „Ејџ Ејџ Машинс“ и „Крафтверк“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.