Шакира е обвинета за затајување данок

Поп-ѕвездата Шакира е обвинета за затајување данок. Обвинителството во Шпанија тврди дека колумбиската пејачка не платила данок од 14,5 милиони евра. 

 

Шакира објави дека живее на Бахамите, каде користи големи даночни олеснувања. Во исто време, нејзиниот вистински престој е Барселона, каде што живее со нејзиниот сопруг, фудбалерот Џерард Пике и нивните две деца.

Пејачката е уште една од познатите личности кои шпанските власти ги обвинија за затајување на приходите.

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси и неговиот татко добија двегодишна условна казна и платија парична казна од милион евра.

Малку подоцна вториот најпознат фудбалер во светот, Кристијано Роналдо се изјасни за виновен по слични обвиненија против него.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.