ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША СЕ РАЗВЕДУВА! Душко и го одзел телефонот и нашол скандалозни пораки

Сепак, Јелена Карлеша и Душко Тошиќ западнаа во сериозна брачна криза. Проблемите во рајот започнаа по настапот на пејачката за новогодишната ноќ.

 

На Карлеуша и пречело тоа што нејзиниот сопруг и испратил пијалак на познаничка која бил на соседната маса. Јелена го прекинала настапот и жестоко се скарала со Душко. Отишла на вториот настап, а тој се правел  дека се е во најдобар ред. Но, ништо не било како што треба.

 

"Душко дошол дома и се обидел да објасни дека работите не се како што таа ги гледа. Но не вредело, Јелена си одела по свое. Тошиќ и го земал телефонот и потоа почнала вистинска збрка", вели извор близок до пејачката.

 

 Тој вели дека Душко го зел телефонот на Јелена и нашол допишување со фудбалерот Огњан Вранјес.

 

 "Тогаш Душко полуде. Сешто и рече на Јелена, и го одзеде нејзиниот телефон, така што никој нема контакт со неа. Душко му се јавил и на колегата фудбалер и го навредувал. Не знам што ќе се случи и како тоа ќе заврши, но мислам дека ќе поднесе документи за развод ", тврди изворот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.