All for Joomla All for Webmasters

Нови лица во претпродолжението на „Игра на тронови“

Претпродолжението на „Игра на тронови“ полека ја добива својата форма, откако ХБО официјално ги објави имињата на осуммината нови актери и соработници кои ќе му се приклучат на проектот.

 

Имено, новата приказна на Џејн Гудман и Џорџ РР Мартин ќе ја режира Ес Џеј Кларксон, режисерот на наредниот филм од серијалот „Ѕвездени патеки“. Во актерската екипа пак, се вклучуваат Наоми Еки, Дениз Гаф, Џејми Бауер, Шила Атим, Ивано Џеремаја, Џорџ Хенли и Тоби Регбо, познати од повеќе филмски и телевизиски хитови.

 

Проектот е сѐ уште во претпродукција, а сѐ што се знае за содржината е тоа дека приказната е сместена илјадници години пред онаа во „Игра на тронови“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.