48 години од смртта на Коко Шанел- 5 легендарни изјави кои секоја жена мора да ги запамти

Французинката Габриела Бонур „Коко“ Шанел починала на 10 јануари пред точно 48 години. На самиот врв на модното царство ја вивнале нејзините модернистички идеи и облека инспирирана од машките одела, во кои внела права револуција на женската мода.

 

Поради се што направила за жените, ќе се потсетиме на нејзините најмудри изјави по кои секогаш ќе ја паметиме, а убаво би било и да ги применуваме:

 

* Грижата за изгледот почнува во срцето и душата. Производите за разубавување сами по себе нема да ви помогнат.

 

* Во своите дваесетти години, жената има лице кое и го дала природата. Во своите триеетти, има лице кое го направила сама за себе. Во своите четириесетти има лице кое го заслужила.

 

* Ништо нема да ја направи жената да изгледа постаро, освен нејзиниот очаен изглед да изгледа младо.

 

* Колку жената полошо се чувствува, толку подобро би требало да изгледа.

 

* Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивност на сиромаштија. Не е. Спротивност е вулгарноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.