Се огласи Јелена Карлеуша: Не се разведувам!

Јелена Карлеуша открива дека нејзините ќерки Ника и Атина, како и нејзината мајка Дивна, која боледува од рак на белите дробови, тешко ја поднеле приказната дека се разведува од Дишко Тошиќ поради допишување со фудбалерот Огнен Вранеш.

 

Поп ѕвездата за спркиот „Информер“ кажува дека многу ја погодила приказната дека се разведува од нејзиниот сопруг. Пејачката тврди дека гласините дека „се мувала“ со репрезентативецот на Босна и Херцеговина се тотална будалаштина, а најмногу влијаеле врз нејзините две малолетни ќерки и мајка и.

 

„Многу ме погоди човечката омраза и потребата да ми го уништат бракот и семејството. Ми удрија по децата! А мајка ми, која е болна, ова многу тешко го поднесе“- раскажувала Јелена, видно вознемирена.

 

Таа додава дека ништо не може да ја уништи нејзината љубов со фудбалерот кој од сега ќе игра во Кина.

 

- „Мојот брак е посилен од нападите во таблоидите. Љубовта, довербата, тоа е посилно од секоја омраза. Душко е навикнат на вакви работи, и не сака ниту да дава изјави за тоа. Тој е генерално човек кој нема лоша мисла ниту збор за никого. Сега видов кои ми се пријатели, а кои непријатели. Секако, од естрадата не очекував поддршка“- додала пејачката и потенцирала дека колегите не биле покрај неа во овој тежок период за нејзиното семејство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.