Документарец го обвинува Мајкл Џексон за педофилија

Наследниците на Мајкл Џексон го окарактеризираа како скандалозен и патетичен новиот документарец кој го обвинува починатиот пејач за сексуално насилство врз деца, соопштија американските медиуми, а пренесоа светските агенции.

 

Во "Да го напуштиш Неверленд", кој е предвидено да биде претставен на филмскиот фестивал "Санденс" кон крајот на месецот, се зборува за двајца мажи на околу 30-годишна возраст, кои уверуваат дека станале жртви на сексуални напади од страна на кралот на поп музиката, кога имале 7 и 10 години. "Ова е уште едно екстравагантно дело, станува збор за скандалозен обид да се извлече корист од Мајкл Џексон и да се повторат старите неосновани обвинувања", се вели во соопштението на наследниците на пејачот.

Продуцентите на "Да го напуштиш Неверленд" потврдија за списанието "Ролинг Стоун" дека двајцата мажи се кореографот Вејд Робсон, кој во 2013 година поднесе тужба против починатиот пејач, и Џејмс Сеифчук кој ги тужеше наследниците на Мајкл Џексон. Тие додаваат дека на двајцата мажи им била потребна голема храброст за да ги раскажат своите приказни и дека не се сомневаат во нивната веродостојност.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.