Мет Дилон една од ѕвездите на Филмско-музичкиот фестивал во Дрвенград

Американскиот актер Мет Дилон пристигна во српскиот филмски град Дрвенград-Кустендорф, изграден од познатиот познатиот режисер Емир Кустурица, каде што се одржува 12. Филмско-музички фестивал.

 

Глумецот беше пречекан лично од домаќинот и од голем број новинари.

 

– Првпат имам ваков дочек некаде и нависина е убаво… Овој фестивал е прилично неконвенционален. Мал е и тоа ми се допаѓа. Не е безличен. Добро е тоа што доаѓаат студенти и млади лица, истакна Дилон синоќа, кој во Дрвенград пристигна со автомобил.

 

За себе вели дека не е филмска ѕвезда, туку нормална личност, „како и сите останати”. Посебно беше изненаден од обичајот да се одбележи Православната Нова година.

 

Дилон денеска ќе организира работилница за студенти и млади автори по проекција на филмот „Аптекарот каубоец" на Гас ван Сант.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.