БРИТАНСКИТЕ СНАИ САКААТ ДА ТРОШАТ: Откриено колку Кејт и Меган трошат на гардероба и накит!

Сопругите на принцот Вилијам и Хари, војвотката Кејт и Меган, се сметаат за стилизирани убавини, но кога во јавноста протекоа информации за тоа колку пари трошат на гардероба, многумина останаа во шок.

 

Имено, членовите на кралското семејство сакаат да си дозволат убави и скапи работи, па затоа кралските модни експерти вршеа истражување за нивната потрошувачка. Како што пишуваат странските медиуми, војвотката потрошила прилично голем буџет за луксузни џемпери, што е вистинско богатство за некого.

 

Жената на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, најмногу сака да троши на гламурозни фустани, а неодамна потрошила над 73.000 евра за облека и накит.

 

Од друга страна, Меган не е повеќе економична, а познато е дека таа е љубител на едноставен стил, кој често е надополнет со дизајнирани модни додатоци, а сето тоа чини многу.

 

Од податоците добиени во истражувањето, минатата година, само на облека, Меган потроши повеќе од 400.000 евра.

 

Јавноста овие резултатите ги прифати со презир, па во коментарите можеше да се прочита дека војвотката правела губење на пари и дека износот на пари што тие го потрошиле за да изгледаат убаво е навистина голем.  

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.