Хју Грант го замоли крадецот на чантата од неговиот автомобил да му врати сценариото

Британскиот актер Хју Грант на Twitter напиша молба до крадецот кој го разбил неговиот автомобил и му ја украл чантата: "Ве молам вратете ми го сценариото, кое беше внатре", пренесоа медиумите.


Грант, кој во 1994 година глумеше во светската комедија "Четири венчавки и еден погреб", го соопшти инцидентот на социјалната мрежа во неделата вечерта. "И покрај минималната шанса некој да знае кој го разбил мојот автомобил вечерва и ја украл мојата чанта, сепак обидете се да го убедите да ми го врати барем сценариото, кое беше во торбата", напиша актерот.
Во него има многу "забелешки и идеи", кои се плод на повеќе недели труд.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.