Ријана го тужи својот татко

Американскaта пејачка Ријана го тужи својот татко, Роналд Фенти, за користење на нејзиниот бренд Фенти во комерцијални цели.

 

Според неа тој терал луѓе да веруваат дека Ријана има врска со неговата компанија, бидејќи го користел името на брендот, што таа го афирмираше.

Пејачката всушност е родена како Робин Ријана Фенти, па логично е нејзиниот татко да одлучил така да ја именува компанијата. Тужбата се однесува на нејзиниот татко и неговиот деловен партнер, кои се обиделе да ги лажат инвеститорите за вклучување на поп-ѕвездата во бизнисот.

Двајцата се обвинети "за употреба на лаги, за да привлечат милиони долари од трети земји, на кои им се ветувало дека тие се овластени да постапуваат во име на Ријана или за тоа дека таа ќе пее на различни места низ светот", пишува адвокат Карла Витчефер во жалбата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.