Песната „Африка“ вечно ќе се слуша во пустината Намиб

Евергринот „Африка“ од Тото може вечно да свири во пустината Намиб, благодарение на изумот на намибиско-германскиот уметник Макс Зидентоф – мп3 на сончева енергија и шест звучници што постојано ќе ја емитуваат песната.

 

На својата интернет страница, Зидентоф истакнува дека со овој потег, „ѝ оддава почест на една од најпопуларните песни последниве 40 години“.

 

„Африка“ е издадена 1982 година, а има и бројни преработки.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.