КРАЛСКИОТ ФОРОГРАФ ОТКРИВА: Во тој момент беше јасно дека бракот на принцезата Дијана и Чарлс е готов!

Фотографот Артур Еванс во еднo интервју открива  ситуации од животот на починатата принцеза Дијана и принцот Чарлс, кој јасно им кажал дека на нивната љубов е дојден крајот.  

 

Тој раскажал како на последната турнеја на која кралскиот пар ја направи заедно, во Јужна Кореја 1992 година каде било  јасно дека разводот е неизбежен.

 

"Кога бевме во Кореја, на последната турнеја, знаев дека меѓу нив е готово, бидејќи не можеа да поднесат еден со друг да бидаво друштво. Тоа беше многу бедно," раскажал фотографот за Yahoo.

 

Додаде дека "никој не бил изненаден" кога беше објавено еден месец подоцна  дека ќе се разведат. 

 

 "Пристигнаа во Кореја со цел да се однесуваат како љубовен пар", наместо тоа, тие се игнорираа, не се погледнаа, немаше никаков физички контакт меѓу нив, изгледале како две странци, "напишал фотографот.  На турнејата беа во ноември 1992 година, а нивниот развод беше објавен на 9 декември, пишува Mirror. Разводот е завршен 1996 година, принцезата починала на 31 август 1997 година.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.