Салма Хајек посвои був (ФОТО)

Мексиканската актерка и љубителка на животните Салма Хајек, која неодоамна откри дека одгледува над 50 животните, го покажа најновото милениче - симпатичен був со бели, сиви и црни пердуви, пишува "Дејли мејл".

 

52-годишната холивудска ѕвезда објави на Instagram фотографии со птицата, качена на раката и рамото. Фотографиите се придружени со натписот "Многу го сакам" на англиски и шпански.


Пред неколку години, како гостин во шоуто на Елен де Џенерис, Хајек откри дека одгледува над 50 домашни миленици - коњи, алпака, мачка, куче, хрчак, папагали, риби, зајаци, мисирки и кокошки.

Мексиканската ѕвезда е мажена за милијардерот Франсоа-Анри Пино, од кого има ќерка, 11-годишната Валентина.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.