ЗАГИНА ШАБАН ШАУЛИЌ во сообраќајна несреќа во Германија

Познатиот пејач Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија, пренесуваат српските медиуми.

 

Несреќата се случила во градот Билефелд, во Германија, каде што бил да настапува.

 

Роден на 6 септември 1951 во Шабац. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“. Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.