Колку e богато британското кралско семејство?

Богатството на британското кралско семејство е проценето на 88 милијарди долари според списанието "Форбс", а личното богатство на кралицата Елизабета е проценето на 530 милиони долари, соопшти DarikNews.

 

Кралицата Елизабета II не е најбогатата личност во Велика Британија, но сепак е во топ 500 меѓу сите жители на земјата. Таа е на 344-то место на листата на најбогатите Британци според "Сандеј Тајмс" за 2018 година. Богатството и е разновидно и се состои од најразличен имот, ремек-дела на уметноста, скапоцености, а дури и со фарми за ветерници.

 

Круната има сопственост на имот од вкупно 11 милијарди долари во Обединетото Кралство. Иако кралицата Елизабета официјално не ги поседува сите овие сопствености, таа има право да троши меѓу 15% и 25% од приходите од нив.

Имотот на Круната и носат по 400 милиони долари годишно, вклучувајќи и приходи од згради во центарот на Лондон. Бакингемската палата е посед на важечкиот монарх како дел од имотите на Круната, но не е лична сопственост на кралицата.

Некои кралски имоти се лична сопственост на Нејзиното Височество - проценета на 140 милиони долари палата "Балморал", каде што таа го поминува летниот одмор, и имотот во покраината "Сендрингем", таму пак кралското семејство го пречекува Божиќ.


Кралицата има накит со "право на круната". Сопственоста на прочуените коронки и тиари кои се гледаат на кралските венчавки и приеми преминува кон секој нареден монарх. 140 видови накити се проценуваат на 4 милијарди долари.


Кралицата Елизабета заработува пари и од тркачки коњ - има освоено речиси 9,2 милиони долари од наградниот фонд со вкупно 451 победи во текот на годините.


Принцот Филип, сопруг на кралицата, има околу 30 милиони долари. По 2011 година тој добива по 500.000 долари годишно само од Парламентот за неговите јавни настапи. Формално, тој се повлече од својата позиција во 2017 година на возраст од 96 години.
 

Не е познато колку пари имаат Принцот Вилијам и Принцот Хари, но се проценува дека имаат помеѓу 25 и 40 милиони долари. Дел од нивните пари беа наследени од нивната мајка, покојната принцеза Дијана.


Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, потекнува од богато семејство и нејзините пари не доаѓаат само од нејзиниот брак. Има околу 10 милиони долари на лични сметки.

Според британските медиуми, личното богатство на Меган Маркел изнесува околу 5 милиони долари. Се акумулирале од нејзините улоги во телевизијата и киното.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.