ЛЕЈДИ ГАГА СТАВИ КРАЈ: Ја раскина веридбата со Кристијан Карино

Поп-ѕвездата Лејди Гага ја прекина врската со својот вереник Кристијан Карино, изјави нејзин претставник за списанието „Космополитен“.

 

Ова е прекин на втора посериозна врска на Лејди Гага, последниве три години и се случува на неколку дена пред Доделувањето на Оскарите, каде што пејачката е номинирана за најдобра женска улога за филмот „Ѕвездата е родена“.

 

Свеченоста ќе се одржи в недела, а предвидено е и таа да ја изведе песната „Shallow”, која инаку е тема од филмот.

 

Лејди Гага и Кристијан Карино се верија минатиот октомври, а заедно беа од почетокот на 2017 година, кусо откако Лејди Гага раскина со глумецот Тајлер Кини.

 

Лејди Гага и Карино, кој е и нејзин агент, изгледаа дека се во добри односи на доделувањето на наградите Златен глобус во јануари.

 

Но, будното око на обожавателите забележа дека на свеченоста по повод доделување на Греми наградите пред 10 дена, пејачката не го носела големиот веренички прстен. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.