Дуа Липа снима песна за разделбата со музичарот Пол Клајн

Дуа Липа компонира песна за разделбата со музичарот Пол Клајн од групата "Лејн", објавија агенциите. Новата песна ќе биде дел од нејзиниот втор студиски албум.

 

Пејачката на песната "Swan Song" работи на продолжението на успешниот деби албум, кој го носи нејзиното име и излезе во 2017 година. Продуценти на нејзиниот нов диск се Марк Ронсон и Калвин Харис.


"Дуа Липа пишува песни, под влијание на доживувањата од минатата година, како што во случајот станува збор за песна за разделбата со нејзиниот Пол", изјави извор, цитиран од весникот "Сан". "New Rules" е најголемиот хит од деби албумот, а сега ќе излезе нова песна во која се зборува за крајот на врската со нејзиниот поранешен пријател. Дуа Липа одамна сакаше да работи заедно со Марк и Калвин", вели тој.

Пејачката претходно изјави дека на нејзиниот нов диск ќе има емоционални песни, но и композиции, кои се погодни за танцување. Таа исто така ги користи снимките на продуцентот Мартин Макс за снимање нови песни. Нејзиниот втор студиски албум треба да биде објавен кон крајот на оваа година.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.