Србија се прости од Шабан Шаулиќ

Во зградата на Градскиот совет во Белград се одржа Опело за кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ, пренесе српски "Блиц". Посмртните останки беа донесени со владин авион од Германија, каде што загина во сообраќајна несреќа.

 

Пејачките Зорица Брунклик, Ана Бекута и колегата Кемиш исто така дојдоа на Опелото, а ќерката на Шабан - Илда Шаулич се појави видливо потресена, пренесоа медиумите.

 

Од утринските часови, многу пријатели на Шаулиќ пристигнувале во семејниот дом на Дедиње за да изразат сочувство до семејството за големата загуба.

 

Неговиот внук, Лук Адјиќ, пристигна од Белгија за да го испрати својот дедо на неговиот последен пат, објави телевизискиот канал Пинк.

 

Вдовицата Гордана Шаулиќ ја напушти фамилијарна куќа, облечена во црно, и се упати кон местото каде што илјадници луѓе дојдоа да го кажат последно "Збогум" на нејзиниот сопруг. Малку подоцна пристигна и мегаѕвезда на српскиот фолк, Цеца Ражнатовиќ, пренесуваа во текот на денот српските медиуми.



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.