Фелисити Хофман обвинета за мито за упис на факултет

Американската глумица Фелисити Хофман е обвинета за давање мито за упис на нејзиното дете на факултет, заедно со уште најмалку 40 лица, зашто, наводно, ги потплатувале тренерите на колеџ и луѓето од центрите за тестирање, за нивните деца да се запишат на најелитните школи во земјата, соопшти обвинителството во Калифорнија.

 

Митото наводно е вршено преку компанија за прием-консултации, а се работи за случај тежок вкупно околу 25 милиони долари. Во овој скандал се вмешани и универзитети како Јејл, Џорџтаун и Стенфорд.

 

Обвиненија се покренати против 33 родители, меѓу кои и ТВ ѕвездата Фелисити Хафман, најпозната по улогата на Линет во серијата „Очајни домаќинки” и Лори Лаглин од серијата „Полна куќа”, како и против 13-мина тренери и соработници на Вилијам Рик Сингер, сопственик на калифорниската фирма Еџ Колеџ енд Кариер Нетворк.

 

Поранешен фудбалски тренер на Универзитетот Јејл признал вина и помогнал да се изгради случај против останатите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.