Георгина не ги задржа солзите по хет-трикот на Роналдо (ФОТО)

Партнерката на ѕвездата на "Јувентус" Кристијано Роналдо, Георгина Родригез не се воздржа од емоциите по хет-трикот на Роналдо во мрежата на "Атлетико Мадрид" и беше забележана со солзи радосници.

 

Георгина која го гледаше во живо финалниот реванш меѓу "Јувентус" и "Атлетико", беше фатена од буден фотографи како плаче по последниот судиски свиреж.


Таа објави емотивен пост на една од социјалните мрежи.



"Овие 3:0 никој не може да ти ги украде. Ти го заслужи тоа, не заради трите гола вечерва. Кармата постои. Бог го знае, Бог ти го дава, бидејќи фудбалскиот свет ти припаѓа тебе. Те сакаме. Кристиано, Матео, Ева, Алана, Георгина", напиша саканата на петкратниот победник на "Златната топка".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.