Зошто Јами ја откажа венчавката со најмоќниот маж во Црна Гора?

Јасна Миленковиќ Јами, која во  деведесеттите  години беше една од најактуелните пејачки, направи најголем рекорд со пауза во 2001 година, кога се повлече од јавната сцена поради бременост.

 

Всушност, таа тогаш ја родила нејзината  ќерка Леа, иако во тоа време не се зборуваше за тоа кој е татко на нејзиното дете, ниту пак парот ја официјализира нивната лубов пред законот.

 

Сепак, пошироката  јавност имаше можност да го запознае  минатата година, во реалното шоу Задруга.  

 

Всушност, тој се појави пред камерите како поддршка на еден од натпреварувачите Ангел  Ранковиќ, како негов вујко. Неговото име е Предраг Пеѓа Ранковиќ, а по професија е фризер.

 

Иако парот пред речиси две децении сакаше да застане пред олтарот, Јами сфатила  дека тоа не е љубов за цел животот и се откажа од свадба која беше закажана.

 

Да потсетиме, поради Јами, Мило Ѓукановиќ испрати приватен авион за да дојде на настап.

 

"Мислам дека добив голем број критики, бидејќи ме немаше во медиумите, а јас на терен бев многу активна. Критиките беа толку жестоки, што беа и навредливи. Не сакав да снимам она што сите го снимаат, чекав добра песна", изјавила Јами.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.