All for Joomla All for Webmasters

Екипата од „Беверли Хилс“ се собра повторно во чест на Лук Пери

Глумците од хит-серијата „Беверли Хилс“ имале свој приватен „повторен собир“ во чест и сеќавање на својот колега Лук Пери (Дилан), кој почина на 4 март.

 

Седенката се случила во домот на Габриел Картерис, која ја глумеше Андреја во тинејџерската ТВ серија која ги обележа 90-те, а тоа го соопшти Брајан Остин Грин (Дејвид) во својата интернет емисија.

 

– Се видов со луѓето кои ги немав видено 18 години. Чувствата беа измешани… Сите беа пресреќни што повторно сме заедно, но – поводот беше ужасен, рече Грин.

 

3а Пери, тој вели дека бил „многу голем фраер“.

 

– Лук беше човек за кого никој немаше лош збор. Едноставно, тој беше супер тип. И, секогаш беше свој, истиот Лук, без разлика каде ќе го видите. Многу сум среќен што го познавав. Беше одличен човек и ќе ми недостасува, се осврна Грин на својот пријател. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.