Обложувања: Како ќе се вика бебето на Хари и Меган?

Во последната фаза од бременоста на војвотката на Сасекс, Меган обложувањата за името на новиот член на британското кралско семејство навестуваат за името Дијана, ако е девојче и Артур, ако е момче, соопштуваат агенциите.

 

Се прават обложувања и за полот и тежината на бебето, како и за точниот датум и место на раѓањето на седмиот по ред наследник на британскиот престол.

"Дајана е првото од 10-те имиња, тука нема изненадувања. Но од неодамна има претпоставки дека може и да биде и Викторија, на луѓето им се допаѓа и тоа име", вели Руперт Адамс, портпарол на канцеларијата "Вилијам Хил".


Другите можности се Грејс и Алис -  што се сметаше дека Вилијам и Кејт ќе го изберат за своето трето дете, ако тоа беше девојче. Алис е мајка на принцот Филип, мажот на кралицата Елизабета Втора. Машките имиња Артур, Џејмс и Едвард се на врвот кај обложувачите.


Принцот Хари и неговата американска сопруга го очекуваат своето прво дете во април. Во јануари Меган рече дека е бремена во шестиот месец, но не го откри полот на детето. Според букмејкерите, повеќето луѓе мислат дека ќе биде девојче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.