Не им верува на озборувањата дека вереникот ја изневерува: Џеј Ло објави фотографии на кои Алекс Родригез ја бара за жена

Актерката и пејачка Џенифер Лопез беше на седмото небо, кога нејзиниот партнер, Алекс Родригез, ја побара за жена на одмор, а прекрасните вести веднаш им ги соопшти на фановите на социјалните мрежи.

 

Неколку дена подоцна, таа исто така објави ексклузивни фотографии од самата свршувачка.

 

Но, веднаш потоа, медиумите почнаа да шпекулираат дека бејзбол-играчот ја изневерувал пејачката, со поранешната жена на неговиот колега.

 

Сепак, според фотографиите, по се изгледа, латино дивата и нејзиниот свршеник не се грижат за насловите во весниците и одлучни се максимално да уживаат во морето и на сонцето.

 

Џенифер покажува љубов кон Родригез секој ден, а тоа најдобро се гледа за време на нивниот престој на плажа. Бејзбол играчот поминал премногу време на сонце, а Џеј Ло се загрижила да не изгори свршеникот, па го намачка со заштитен фактор по целото тело.

 

Можно е убавата Џеј Ло да е само една обична жена која не успеала да му одолее на џиновскиот дијамантски прстен и верува дека тој е поголем доказ за љубовта отколку добронамерното предупредување на повредените жени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.