Дејвид Гета во врска со 24 години помлада девојка
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 23 Март 2019
Еден од најпопуларните светски диџеи, Дејвид Гета, е во врска со згодната Латиноамериканка Џесока Ледон, родена 1992 година.
Дејвид Гета (51) и неговата девојка Џесика Ледон (27) се во врска од 2015 година, но страста помеѓу нив е како и првиот ден, а доказ за тоа се фотките од плажа кои постојано осамнуваат од нив.
Џесика е американски модел, родена е Куба, а се обидува да изгради и актерска кариера. Работи и живее на Мајами, а Гета стапи во врска со неа во 2015 година, една година по крајот на неговиот 22-годишен брак од кој има две деца. Во 2010 година се појавила во модното шоу „Model Latina“, била една од финалистките и тогаш ја забележале агентите.
- Во една пригода, Џесика го нарече Гета: „Моето сè“. Вели дека е среќна што го дели животот со него, дека тој има убава душа и ја инспирира секојдневно.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс