Џони Деп се повреди за време на снимање во Црна Гора

Холивудскиот актер се здоби со повреда на вратот при на снимањето на последните кадри од филмот „Минамата" во црногорскиот град Тиват.

 

Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам.

 

Информацијата за повредата на Деп на Фејсбук ја објави самата Бергам Грандис, која го имобилизирала вратот на актерот.

 

– Мојот пациент нешто се вкочанил за време на снимањето на филмот „Минамата", објави Бергам Грандис на Фејсбук под фотографијата со Деп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.