ЦЕЦА ВО 1999. ОСТАНАЛА ЖИВА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДНА ГРЕШКА!

Светлана Цеца Ражнатовиќ останала жива само благодарение на грешките што ги правеа војниците на НАТО, во текот на бомбардирањето во 1999 година, пишуваат норвешки новинари. Оваа информација ја откриле Ханс Петер Ос и Ролф Видеро пред неколку години го објасниле во својата книга "Војничкиот херој - во тајните на Норвешка".

 

Како што навеле, во ноќта кога во бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград во акцијата "Милосрден ангел", мета беше Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во тој момент тој бил заедно со Цеца во хотелот "Југославија".

 

"Бомбардирањето на кинеската амбасада предизвикуваше голем меѓународен дипломатски скандал. Мета на нападот требаше да биде Хотел Југославија и Жељко Ражнатовиќ Аркан", тврдат авторите.

 

Имено, Аркан, според нивните зборови, се сметал за легитимна мета, бидејќи против него беше покренато обвинение за воени злосторства во Хаг.

 

7 мај 1999 година, ракетите истовремено го погодија хотелот каде што биле Цеца и Аркан, но и кинеската амбасада во Нов Белград, на само неколку сантиметри од амбасадата.

 

И покрај тоа што имале податоци за движењето на Ражнатовиќ, Американците, како што пишуваат норвешките новинари, по грешка ја погодија амбасадата. Користени се стари карти.

 

Ракетите ја уништија амбасадата при тоа погодени беа тројца службеници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.