Тејлор Свифт донираше 113.000 долари за заштита на ЛГБТ правата

Пејачката Тејлор Свифт донираше 113.000 долари на организации кои се борат за заштита на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата и општо за заштита на човековите права во американската сојузна држава Тенеси.

 

Свифт со донацијата, му испратила и рачно напишано писмо до директорот на невладината организација за заштита на ЛГБТ правата, Крис Сандерс.

 

– Драги Крис, ти го пишувам писмово за да ти кажам дека сум инспирирана од работата што ти ја вршиш, посебно околу собирањето потписи за неодамнешната петиција на верските водачи од Тенеси кои се спротивставија на омразата во нашата легислатива, пишува Свифт.

 

Американската пејачка, исто така, најави дека ќе биде „сѐ погласна" во поддршката на демократските кандидати за претседателските избори во САД наредната година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.