Хари и Меган ги чуваат во тајност своите планови околу раѓањето на нивното дете

Принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да ги задржат во тајност своите планови за раѓањето на нивното прво дете, пренесоа агенциите.

 

Бебето се очекува да се појави за неколку недели. "Војводите на Сасекс се многу благодарни за добронамерноста на луѓето од Велика Британија и од целиот свет, додека се подготвуваат да се соочат со бебето.  Тие со нетрпение чекаат да го споделат со сите возбудливиот момент, откако ќе имаат можност да го прослават во семеениот круг новиот член", се вели во изјавата на Бакингемската палата.

 

Хари и неговата сопруга замолија луѓето кои сакаат да им испратат подароци за бебето, да не го прават тоа туку да направат донации за добротворните организации кои им помагаат на деца и родители. Тие дури и посочија некои на кои им беа патрони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.