(ВИДЕО) Постхумно објавена песна на шведскиот ди-џеј Авичи

На Јутјуб се појави нова песна на починатиот шведски ди-џеј Авичи, со наслов „SOS", којашто е дел од постхумниот албум, најавен за 6 јуни годинава.

 

Песната е преслушана над 900.000 пати, а под видеото љубителите не престануваат да оставаат емотивни пораки за прерано починатиот музичар. Всушност, и самото видео е составено од коментари на обожаватели.

 

Вокалот е на Алое Блак, со кој Авичи соработуваше и во својот можеби најголем хит – „Wake Me Up".

 

Ди-џејот лани си го одзеде својот живот во Оман.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.