Британците се обложуваат за името на бебето на Хари и Меган

Принцот Хари и неговата сопруга, Војвотката од Сасекс Меган, одлучија да не го откриваат полот на бебето. Но, ова не ги спречи Британците да продолжат да се обложуваат на името и полот на кралското бебе, објави Асошиетед прес.

 

Судејќи по најмасовните облози бтитанците сметаат дека новороденчето на Меган и Хари ќе биде девојче, а Дијана ќе биде едно од имињата.

 

По Дијана следат Викторија, Алис, Грејс и Елизабет. Најпопуларните претпоставки за името ако биде момче се Алберт, Артур и Џејмс.

 

Портпаролката на Вилијамс Хил, Руперт Адамс не е изненадена што 80 отсто од обложувањата се за името Дијана. Адамс смета дека ако има ќерка, принцот Хари ќе го избере името на својата трагично загината мајка. "Има добри шанси, сепак, ако бебето е девојче, Дијана да биде нејзиното средно име", вели портпаролката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.